септември 29, 2024

Во тек е акцијата „Безбеден град“ која, како што вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, покажува уште подобри резултати во смисла на справување со сите предизвици кои ги имаме на безбедносен план и од акцијата „Безбедно лето“.

Сакам да упатам јасна порака дека оваа акција „Безбеден град” нема да престане. Ова го кажувам затоа што се пласираат шпекулации и невистини, пред се од групи на криминалци кои не им одговара една ваква оперативна акција и морам денеска нив да ги разочарам, а на задоволство на сите граѓани на Република Македонија да укажам дека таа активност ќе продолжи во наредниот период, се со цел да ги постигнеме максимално целите а тоа е мир, безбедност и стабилност на секој еден граѓанин на територијата на Република Македонија, објави на Фејсбук министерот Спасовски.

The post Спасовски до криминалците: Акцијата „Безбеден град” нема да престане appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK