септември 29, 2024

ВМРО-Народна партија на поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и актуелен коалиционен партнер во власта побара од националната телевизија Алфа ТВ да не биде тенденциозна во известувањето за односите со Бугарија и да ја намали содржината на емитување на филмови со југословенска продукција.

Поради ова ВМРО НП го повикува и Советот за радиодифузија да се позанимава со прашањето со емитувањето на југословенски филмови.

„ВМРО-Народна партија ги поздравува оние медиуми и општествено политички и активни граѓани кои придонесуваат во смирување на односите со соседна Бугарија, особено после ескалацијата околу 4-ти февруари, а во интерес на нашиот пат кон Европската интеграција.

За жал сеуште има такви медиуми, би ја издвоиле „Алфа Тв“ која во својата реторика продолжува со создавање на подбуцнувачка атмосфера, а посебно фрапира речникот со кои ги коментира македонските граѓани кои сакаат да се декларираат како Бугари. Реторика која се граничи со шовинизам.

Од друга страна пак и скромниот поглед на нивната содржина особено културно-забавната и филмската програма јасно ја отсликува целта на „Алфа Тв“ да го воспева југословенското, тоталитарно минато се со цел културно-забавно србизирање на македонскиот народ.

Го повикуваме Советот за радиодифузија да ја изанализира оваа нескриена цел на оваа таканаречена македонска телевизија“, пишува во партиското соопштение.

The post ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски побара Алфа ТВ да не прикажува југословенски филмови – Се србизирал народот appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK