септември 29, 2024

Кристина Горовска, пејачката од македонската група „Бернајс пропаганда“ е сместена во скопската болница „Мајка Тереза“ ​​на одделот за интензивна нега каде се уште се бори за живот, пишува загрепскиот музички портал „Равно до дна“, пренесува српска „Нова“.

Од неименувани извори, порталот дознава дека несреќата што се случи на булеварот Климент Охридски во Скопје на 12 февруари, каде што биле пронајдени Горовска и починатиот маж, најверојатно била несреќен случај. СВР Скопје спроведе истрага и прибира докази за расветлување на настанот.

„Поминаа некои критични фази, но лекарите и понатаму велат дека не излегла опасната зона, се уште е критично“, јавува еден од блиските извори од Скопје за порталот кој за оваа прилика побарал да остане анонимен и кој сепак оптимистички додал: „Веруваме дека ќе се извлече“.

Според информациите кое што пред неколку дена ги објави Министерството за внатрешни работи, починатиот маж бил пронајден паднат пред зграда во центарот на Скопје, заедно со К.Г. Кај него била констатирана смрт на лице место, додека К.Г. со тешки телесни повреди е пренесена во болница за укажување помош.

The post Пејачката Кристина Горовска која падна од зграда во Центар се уште се бори за живот! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK