Сестрата на Нејмар, Рафаела Сантос, беше ,,фатена” од папараците како безгрижно се капи, а нејзините облини тешко остануваа незабележани.
Сестрата на популарниот фудбалер Нејмар, 26-годишната Рафаела Сантос е снимена како ужива на плажата Бара де Тијука во друштво на пријател, а на сите присутни им било тешко да не ги забележат нејзините облини во минијатурен костим за капење.
Сестрата на Нејмар во мини бикини: Дури 6 милиони луѓе ја следат на Инстаграм! (ФОТО)
Рафаела беше облечена во розова и црна танга, а тие парчиња ткаенина едвај ѝ ги сокриваа градите и задникот, кои беа видно испапчени.
Рафаела сака да ги уредува своите фотографии на Инстаграм, па тие многу се разликуваат од оние на кои е ,,фатена” неподготвена, а нејзините тетоважи по целото тело ќе ги привлечат погледите на многумина.
Сестрата на Нејмар во мини бикини: Дури 6 милиони луѓе ја следат на Инстаграм! (ФОТО)
Рафаела нормално е голем поддржувач на својот брат и страстен навивач, а колку знае да ужива во навивањето говори и фактот што еднаш го измести рамото додека го славеше неговиот гол. Братот и сестрата се многу блиски, заедно пораснаа во скромен дом во Сао Паоло и често споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи, а таа често го придружува и на патувања.
Рафаела има шест милиони следбеници на Инстаграм, а нејзиниот постар брат има неверојатни 205 милиони. Својата блискост ја покажале и со тетоважите кои си ги посветиле, таа му ги истетовирала очите на левата рака, додека тој нејзиното лице на раката.
Во моментов и двајцата уживаат во сингл живот, откако минатата година Нејмар раскина со Бруно Бјанкарди, со кој беше во врска нешто повеќе од една година.
Рафаела е сингл по раскинувањето со фудбалерот Лукас Лима, а иако се шпекулираше дека се смириле, тие не го потврдија тоа. Пред тоа Рафалија се бакнуваше со братот на нејзината блиска пријателка Габигола, кој некогаш го нарекуваа новиот Нејмар.
Следете не, не има насекаде