септември 21, 2024

68-годишен човек загинал утрово во Катланово, кога паднал во „необележана ископана шахта за одвод“, соопшти МВР.

-На 21.04.2023 год. околу 10 часот во СВР Скопје е добиена пријава дека во Катланово има паднато машко лице А.А.(68) во шахта. Според пријавеното, додека се движел пешки, А.А. паднал во необележана ископана шахта за одвод, по што починал. Од лекар од итна помош констатирана е смрт“, информира полицијата.

„Телма“ објави дека загинатиот Ангеле Ангеловски скршил еден од вратните пршлени при кобниот пад.

Според телевизијата, надзорот врз градбата на овој необезбеден дел го врши фирмата „Евроконсалтинг“, која е дел од конзорциумот компании кои ќе вршат надзор врз изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK