септември 21, 2024

Во несреќата кај превојот „Ѓавато“, загина 57-годишна ресенчанка. Во несреќата се повредени уште две лица, од кои едното е сопатник на починатата, а второто е возачот на возило кое учествувало во сообраќајката.

Загинатата жена со иницијали И.А. го управувала возилото „сеат“ кое се судрило со „мерцедес“, управуван од 52-годишниот возач С.Ј. Таа починала на лице место

„Смртта ја констатирал доктор од Итна медицинска помош. Сопатникот на возилото ‘сеат’ и возачот на ‘мерцедес’ се здобиле со лесни телесни повреди“, велат од МВР за „Макфакс“.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

The post Во несреќата кај превојот „Ѓавато“, загина 57-годишна ресенчанка. Во несреќата се повредени уште две лица appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK