Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ го напушти шоуто „Ѕвездите на Гранд“, откако се налути на жирито зошто не му дадоа шест гласа на нејзиниот кандидат Семир Џанковиќ.
Тој настапи заедно со кандидатата на Ѓорѓе Давид, Анастасиа Околишан Киселица. Дуелот помеѓу двајцата кандидати заврши нерешено, и тие двајца се пласираа во бараж со освоени пет гласа. Ваквото гласање особено ја погоди Цеца, која го напушти студиото по расправија со Босанец кој го судеше овој дуел.
„Мислам дека не е фер да се гласа вака, но секој има свое право и јас тоа го почитувам. Првиот кандидат, втората песна нема врска, првата е одлична. Втор кандидат, првата песна е многу добра, дури и одлична, втората не е добра, дури и се излажавте и цело време така пеевте“, рече Босанецот, додека Снежана се согласи со неговото претставување, но додаде дека натпреварувачите не треба да бидат казнети за грешките што ги имале.
Босанецот тврдеше дека не биле казнети, само ги оценувале како пееле, а Снежана остана на ставот дека не се за шест гласа. Ова особено ја налути Цеца, која направи вистински хаос во судиото.
„Зошто да не, последните шест беа беспрекорни. Со песната велиш дека бил фантастичен, па наградете го за таа песна, зошто веднаш им ги отсекувате рацете и нозете. Грешите и нема да учествувам повеќе во тоа, не е во ред. Не ти реков тебе Снежана, ти гласаше, зборувам за тие што не гласаа“, рече Цеца, алудирајќи на Босанец.
Вики веднаш застана во одбрана на Цеца, па спомена како на последниот дуел натпреварувачката Ана Бекута добила шест гласа, кои според неа не ги заслужила.
„Ќути Босанац, не ме нервирај. Оди и не враќај се, ќе ни биде подобро без тебе. Само своите ги фалиш, срам да ти е. Семир, ти беше одличен. Бевте оштетени од гласањето, припаѓате во „Ѕвездите на Гранд“. Многу ми е жал што не успеавте“, заклучи Цеца.
The post Цеца бесна го напушти студиото на „Гранд“, оти член од жирито не гласаше за нејзин кандидат appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде