ноември 24, 2024

Како дел од стратегијата за одговорен однос кон граѓаните и заштита на животната средина, Општина Кисела Вода, ќе спроведе нова акција за бесплатно подигнување на кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради. Во периодот од 03 мај до 11 мај, во рамките на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад.

За да се искористи оваа бесплатна услуга, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 26.04.2023 до 02.05.2023.

Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат и одложен кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена.

Грижата за нашата општествена заедница, мора да биде заедничка. Оттука, апелираме до нашите жители да ја искористат можноста и да бидат дел од уште една акција на Општина Кисела Вода, чија цел е создавање и одржување на чиста и здрава животна средина. Повеќе нема простор за изговори бидејќи услугата е бесплатна, а отпадот се подигнува од дома.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK