ноември 24, 2024

Српската пејачка Лепа Брена ја продава својата луксузна вила во Мајами која има 400 квадратни метри, објави Њујорк пост.

Вилата се наоѓа покрај море, има базен во дворот, шест спални соби, шест бањи и 2.000 долари месечно само за одржување на имотот. Гаражата за вкупно 6 автомобили е климатизирана, а на приватното пристаниште можат да се сместат јахти долги и до десет метри.

Вилата е изградена во 1950 година, а семејството Живојиновиќ ја купиле во 2012 година.

Вилата огласена е на продажба преку агенцијата „Сотби“, а за неа бараат 16,9 милиони долари, пишува Дневник.хр.

Сепак, постојат сомнежи за точниот имот за кој станува збор. Имено, во Мајами, преку „Сотби“, на брегот по таа цена се продава само вила во Коконут Гроув, меѓутоа, Јутарњи лист го контактирал продажен агент кој тврди дека не е истата куќа која се огласувала на нивните страници.

The post Лепа Брена ја продава луксузната вила во Мајами appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK