септември 21, 2024

Австралија денес ја претстави својата нова воена стратегија, со цел да ѝ се спротистави на Кина и нејзиниот воен капацитет. Во исто време сака и да го сузбие влијанието на Пекинг во азископацифистичкиот регион.

„Денес за првпат по 35 години ја ревидираме мисијата на австралиските одбрамбени сили“, рече министерот за одбрана на Австралија, Ричард Марлес, објаснувајќи дека досегашната воена доктирна повеќе не одговара.

Новата австралиска воена доктрина е заснована, како што во неа пишува, на одвраќање, на одржување на напријателот на растојание, пред да може да дојде до австралиската територија и на засилување на одбраната на брегот на земјата, особено на северниот дел.

Како што е наведено, Австралија треба да потроши повеќе пари за одбраната, да произведе сопствено оружје и да развие системи со долго растојание, затоа што военото засилување на Кина претставува предизвик за регионална стабилност, е наведено во извештајот кој е објавен денес.

Во новиот стратешки документ на министерството за одбрана се оправдува ваквиот пристап на засилување на воените капацитети.

Оттаму велат дека Пекинг ги засилува своите воени капацитети без никаква транспарентнотст и без давање на никакви гаранции и уверенија за нивните стратешки намери во Индо-пацифичкиот регион.

„Кинеското нагласување на суверенитетот во Јужното кинеско море е закана за светскиот поредок во Индопацификот и негативно влијае на националните интереси на Австралија“, е наведено во документот.

Канбера веќе најави развој на нова флота на подморници на нуклеарен погон. Но, планот на купување на 450 борбени возила за пешадијата е ревидиран и сега е сменет за да се набават само 129 такви возила.

Австралиските воени аналитичари со претпазливост гледаат на засилувањето на воените сили на Кина и стравуваат дека засилувањето на воените капацитети на Пекинг всушност ќе ја отсечат Австралија од нејзините трговски партнери и светскиот ланец на снабдување.

 

The post Австралија ја означи Кина за главен непријател appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK