ноември 24, 2024

Митрополитот на МПЦ-ОА, Петар, одбива да одговори кој ќе ја финансира телевизијата, за која беше најавено дека тој ќе ја отвора и ќе почне да емитува програма од 1 мај.
Тој вели дека 50 отсто од програмата на телевизијата, која ќе се вика „Вистел“, ќе биде со забавен карактер, 30 отсто со образовно-документарен, како и дека ќе има и политичка содржина. Но, владиката осетливо реагираше на прашањата за финансирањето, односно од каде му се парите да отвори телевизија.

Тоа да не го интересира никого, ниту мене ме интересира кој вас ве финансира. Битно е дека се чисти пари се, не се перени. Не сакам да се мешам никому во егзистенцијата и начинот на кој си ја уредува телевизијата, ни мене да не ми се мешаат, луѓето свој леб јадат – туѓо гајле берат“, изјави владиката во интервју за „Телма“.

Иако не сака да зборува за парите, митрополитот додаде дека политички телевизијата „нема да зазема страна“.

The post Владиката Петар вели дека не треба да нѐ интересира од каде му се парите за да отвора телевизија appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK