ноември 24, 2024

Меган Маркл нема да присуства на крунисувањето на Кралот Чарлс, кое ќе се случи на 6 мај, затоа што била фрустрирана што нејизините деца не биле заведени во делот од кралскиот протокол. Ова бил одговорот на кралот на нејзиното писмо кое го испратила по интервјуто кај Опра, пренесе „Дејли Мејл“.

Како што пренесоа британските медиуми во писмото се споменува разговорот на Чарлс во кој тој ја споменува бојата на кожата на нејзиното бебе уште додека била бремена. Но, Меган рече дека писмото не го напишала во негативен контект и дека не го смета Чарлс за расист.

Од Бакингемската палата објаснија дека Меган нема да присуствува затоа што била фрустрирана што нејзините деца не се споменати во планираниот протоколот, а извор близок до кралот објасни дека постои напнатост меѓу Хари и Меган од една страна и Чарлс и кралското семејство од друга, веќе подолго време.

Оттаму велат дека принцот Хари ќе биде сам на крунисувањето, додека Меган ќе остане со децата во Калифорнија, каде ќе го прослави 4 роденден на синот Арчи.

За потсетување, односите дополнително се влошија откако Хари ја објави и книгата со своите мемоари „Резерва“. Книгата за брзо стана хит иако на кралското семејство не им се допадна, бидејќи Хари отворено зборуваше за бројните проблеми во семејството.

Во неа Хари отворено зборуваше и за интервјуто кај Опра, но негираше дека членовите на кралското семејство ги нарекол расисти и дека тоа го измислиле британските медиуми.


The post Меган нема да присуствува на крунисувањето на Кралот Чарлс appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK