ноември 24, 2024

Доколку сте љубители на проја, ова неодоливо печиво со потекло од Латинска Америка ќе ви стане омилен појадок!

Алмохабана е вид пченкарен леб кој се прави со многу сирење, обично куахада, сирење од овчо млеко, но може да користите било какво.

Рецептите варираат од земја до земја, а во Колумбија најчесто се подготвува со претходно зготвено пченкарно брашно, додека во Порторико и Шпанија веројатно ќе ви се сервира слатка варијанта на алмохабана.
Колку е популарно ова пченкарно печиво покажува и фактот што секој октомври во порториканскиот град Ларес се одржува фестивалот Алмохабан.

Состојки:

1 ¼ шолја претходно варено пченкарно брашно;3 чаши урда;1 чаша рендана моцарела;2 лажици путер;1 лажичка прашок за печиво;¼ лажичка сол;4 супени лажици полномасно млеко;2 јајца.

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Пченкарното брашно и кашкавалот измешајте ги, ставете ги во блендер додека убаво не се соединат.
Потоа додадете ги јајцата, путерот, прашокот за печиво, млекото и солта и сè убаво измешајте додека не добиете хомогена смеса. Поделете на осум парчиња со еднаква големина и обликувајте топчиња. Се редат во плех кој е претходно подмачкан или обложен со хартија за печење.
Печете околу половина час. Послужете ги топли со јогурт или кисело млеко.
На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK