Во текот на вчерашниот ден, при сообраќајна незгода на булеварот Партизански одреди, во близина на Универзалната сала, беа комплетно уништени два пластични контејнера со зафатнина од 3,2 м3.
„По добиената дојава дека е случена сообраќајна незгода, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје веднаш излегоа на терен при што е констатирано дека двата контејнера лоцирани на булеварот Партизански одреди бр.49 се целосно уништени и неупотребливи. Во најкус можен рок, садовите беа заменети со нови, со цел да не се наруши динамиката на одлагање , собирање и транспорт на комуналниот отпад на оваа локација. “-изјави в.д. директорката на ЈП Комунална хигиена- Скопје, Косана Николиќ Мазнева.
Во текот на изминатите неколку дена, забележано е опожарување на два пластични контејнера со зафатнина од 1,1 м3, лоцирани на булеварот АСНОМ, во општината Аеродром, како и на улицата Владимир Полежиновски, во општината Центар.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје извршија замена на опожарените контејнери и на посочените локации се поставени нови садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.
Следете не, не има насекаде