ноември 24, 2024

Градоначалникот на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски ги игнорира интересите на граѓаните.

Преку јавна анкета граѓаните му порачаа на Муцунски дека се против изградбата на 9 висококатници на влезот на населбата Лисиче.

Оттогаш поминаа десетина денови, а Муцунски се уште не ги избришал спорните маркички за градба и наместо да дејствува по гласот на граѓаните, тој шири лажни вести и конструкции.

Муцунски веднаш да го повлече спорниот ДУП, а Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи по случајот „Парцели во Лисиче”.

Пред изборите им ветуваше зеленило и паркови, а сега им нуди бетонизација и парцели за висококатници.

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не сработеа ништо во изминатиот период во општините што ги раководат, но затоа дејствуват спротивно од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK