Крунисувањето на кралот Чарлс ќе се случи на 6 мај, а по многу шпекулации дали на настанот ќе присуствуваат принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, официјалната одлука беше објавена пред неколку дена. Принцот Хари ќе дојде на крунисувањето на својот татко, додека Меган Маркл ќе остане со децата во Калифорнија.
Војвотката од Сасекс испратила писмо до кралот Чарлс во кое изразува загриженост за несвесните предрасуди во кралското семејство.
Се верува дека писмото е испратено по појавувањето на Хари и Меган на шоуто на Опра Винфри во март 2021 година. Меган во интервјуто тврдеше дека член на кралското семејство шпекулирал колку ќе биде темна кожата на нивниот нероден син. Тврдењата, изнесени во март 2021 година, предизвикаа криза во монархијата, при што семејството во Виндзор се соочи со обвинувања за расизам.
Писмената размена е една од причините поради која Меган нема да биде присутна на крунисувањето на кралот, а извор за весникот Дејли Телеграф изјавил дека Меган не добила задоволителен одговор од кралот. Весникот пишува дека Меган го испратила писмото како одговор на писмото на Чарлс во кое ја изразува својата тага поради нивната пауза со остатокот од семејството.
Нивните писма го откриле идентитетот на постариот член на кралското семејство кој го даде коментарот за бојата на кожата, а Меган и Чарлс се согласиле дека забелешката не е злонамерна по природа, според весникот.
Од неговото интервју со Опра Винфри, Хари негираше дека парот ги обвини членовите на кралското семејство за расизам. Во интервју со Том Бредби на „ITV“ во јануари, Хари рече: „Имаше – имаше загриженост за бојата на неговата кожа“.
На прашањето на Бредби дали тоа би го опишал како расистички коментар, Војводата рекол: „Не би“, а потоа објаснил: „Има разлика помеѓу расизмот и несвесните предрасуди, тие две работи се различни“.
Следете не, не има насекаде