ноември 24, 2024

Кога беше уапсен жените се прашуваа кој е и како изгледа најзгодниот робијаш на светот, а Џереми Мекс го даде одговорот.

Џереми Мекс (39) важи за најпосакуваниот и најпознатиот робијаш на светот којшто има неверојатна животна приказна. Кога бил уапсен, жените полудеа по него поради тоа што во јавноста протекоа негови фотографии.

Тогаш згодниот, синоок робијаш „преку ноќ“ успеа да се најде во светот на шоубизнисот, а тој во тоа време беше зад решетки.
Всушност, неговата популарност растела од ден на ден, а деловните понуди опстанале и две години откако излегол на слобода, а тогаш почнал да ја гради својата манекенска кариера.

Меѓутоа, неговата животна приказна крие морничави детали и не е ниту чудно што тој и додека бил зад решетки станал популарен во јавноста.
Во еден поткаст тој открил дека пораснал во тешки услови, што подоцна влијаело да заврши во затвор.

„Јас сум дете на хероински зависници. Детството ми беше многу мрачно и грозно, а во такви околности мораш брзо да растеш. Мојот татко ја уби најдобрата пријателка на мајка ми кога имав само 9 месеци. Побегнавме од него, а таа беше единствената која знаеше каде се криеме“, се присетил Џереми.
Поради односите со родителите и тешките ситуации со кои се соочил кога бел дете, Џереми на 15 години станал член на банда и живеел на улица. Така во него било пукано дури пет пати, а поради животот којшто го живеел зад решетки бил 2 години.

„18 месеци во затвор прв цимер ми беше Чарл Менш, а ни кога излегов не се ослободив од тој затворски менталитет. Беше тешко, но ме спаси разумниот судија кој ми ја намали казната“, раскажал тој, додавајќи дека денес е целосно друг човек.
Откако во 2014 година неговата затворска фотографија се проширила на интернет, а неговиот изглед привлекол огромно внимание, не било потребно многу време да изгради завидна кариера на модел.

Исто така, толку згоден тој успеал да ја освои и седум години помладата Клои Грин, ќерка на милијардерот Филип Грин со која бил во врска две години и добил син. Сепак, нивната љубов пред два месеци завршила, а американските таблоиди се распишувале за тоа како Клои била „уловена“ во прегратка на друг маж.
Пред неа тој бил во брак со Мелиса Мекс со која има две деца. Иако Мелиса и Џереми се развеле во 2018 година, Џереми и Клои се запознале една година пред тоа. Наводно биле и верени, но тоа никогаш не било службено потврден

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK