ноември 23, 2024

Овој вкусен рецепт за шпагети со печурки и горгонзола лесно се подготвува и ќе го задоволи сечиј вкус. Горгонзолата му дава посебен шмек на ова јадење, затоа уживајте!

Состојки:
400 гр шпагети
главица кромид
две чешниња лук
400 гр шампињони
600 гр пелат домати
свеж босилек, оригано
125 гр горгонзола
сол, бибер, масло

Подготовка:
Сварете ги шпагетите во солена зовриена вода, според упатството на пакувањето. Во поголема тава на врело масло пропржете го сечканиот кромид, па додадете го издробениот лук и мешајте уште една минута. Потоа додадете ги исечените шампињони, сол и бибер и мешајте додека не испари вишокот течност. Додадете го пелатот, ориганото и босилекот, варете додека не зоврие, па намалете ја топлината и крчкајте уште 20 минути. Додадете ги исцедените шпагети, посипете со изронета горгонзола и послужете додека е топло.

Пријатно!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK