Уште еден смртен случај во болницата во Битола. Бебе починало само два часа од породувањето.
Мајката која има 24 години ова и била прва бременост била примена во болницата со породилни болки, а во текот на бременоста немала никакви проблеми и имала нормален тек на бременоста.
Според лекарите пак, станувало збор за исклучително тешко породување и дека состојбата на бебето била уште веднаш многу сериозна. И покрај напорите за реанимација бебето починало по само два часа.
Најавено е во текот на утрешниот ден во битолската болница да дојде тим од Државен здравствен и санитарен инспекторат, комисија од инспектори и ќе утврдат што било точно причината за смртта на бебето.
Според информациите со случајот е запознаен и министерот за здравство кој веќе разговарал и со мајката и со лекарите и најави испитување на случајот.
The post Уште еден смртен случај во Битолската болница – Почина бебе само два часа по породувањето appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде