ноември 23, 2024

Политичарот во Република Српска, Милорад Додик при гостување во „РТС“, во неофицијалниот дел додека интервјуто не одело во живо, зборуваше против семејството на славниот тенисер Ѓоковиќ.

„Морам да кажам дека овие Ѓоковиќ се тешки, пи*ка му мајчина. Нашите луѓе целиот настан го туркаа на емоции, но кога ќе влезеш во бизнис со нив, тоа е тешка циганија. И нивните соработници, ужас“, кажа Додик.

Обвинувањата од политичарот, следуваат откако семејството Ѓоковиќ организирале турнир во Бања Лука заедно со локалните власти предводени од Додик.

Ваквата изјава на политичарот предизвика бурни реакции во јавноста, по што испрати јавно извинување до најдобриот светски тенисер.

„Жал ми е што доживеав големо разочарување од „РТС“. Ќе продолжам да ги почитувам успесите на неповторливиот Новак Ѓоковиќ и како и досега да ја почитувам неговата фамилија. Драго ми е што ги увидов организациските и менаџерските способности на Ѓорѓе Ѓоковиќ и останувам многу благодарен што турнирот годинава се одржа во Бања Лука“, стои во извинувањето на Додик.

The post (Видео) Семејството Ѓоковиќ се тешка циганарија за бизнис, обвинува Милорад Додик appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK