ноември 23, 2024

Виртуозот на пијано, Симон Трпчески ја најави концертната турнеја во САД. Тој започнува со концерти во Денвер оваа недела. Неговите подготовки  започнале со уживање во природата на оваа земја.

„Земам инспирација од чудата на природата, пред пролетната концертна турнеја во САД што започнува во Денвер оваа недела“, напиша Трпчески.

Итсо така пред да ја одржи првата проба во Колорадо Симфонијата тој замина на НБА натпревар, каде од трибните навваше за тимот на српскиот кошаркар Никола Јоќиќ.

„Како што во минатото го поддржувавме нашиот легендарен македонски кошаркар – Перо Антиќ, кој играше во НБА, сега го поддржуваме и нашиот сосед од Србија – Никола Јокиќ, заедно со сограѓаните Македонци, за тесната, но важна победа за Денвер“, напиша Трпчески.

Инаку Симон Трпчески изминатата година одржа концертна промоција на неговиот прокет „Македонисимо“. Претпремиерата се случи во Збажди, на планината Караорман во родното село на неговиот татко, потоа следеше концерт на отворено во Скопје, Штип и Битола.

 

The post Симон Трпчески гледаше НБА натпревар и навиваше за Никола Јоќиќ пред концертната турнеја во Денвер appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK