ноември 23, 2024

Плус сајз манекенката Ешли Греам во своите мемоари објасни како ѝ раскинал нејзините бивши дечко. Напиша дека тој се исплашил да не стане дебела како мајка му па затоа повеќе не сакал да спие со неа.

„Мораме да прекинеме. Не сакам да имам секс со тебе. Се плашам дека ќе бидеш дебела како мајка ми“, ѝ рекол тој.

Ешли денес е во среќен брак со нејзиниот сопруг Џастин со кого има три деца.Нејзиното семејство долго време не го прифаќало Џастин заради бојата на кожата. Се запознале во црква, а Ешли рече дека немале секс и дека се чувале за во брак. Сакале прво да се запознаат, објасни таа.

Година дена по првата средба, се венчаа. Сепак Ешли рече дека животот пред Џастин не бил лесен за неа. Модната индустрија не сакала да работи со неа, затоа што преферирале послаби девојки. Поради депресија се здебелила 12 килограми, нешто што му засметало на нејзиниот бивши.

Денес Греам е една од најбараните девојки во модниот свет. Неодамна беше една гостин на глумурозниот настан Time 100 Gala во Њујорк, а магазинот Maxim ја избра за најубавата жена во светот.

„Кралицата на облините, таа е свеж воздух во модната индустрија. Таа не е само модел, таа е движење. Ешли не потсетува дека тајната не е само да ги прифатите вашите облини, туку да се прифатите себеси такви какви што сте. Ешли е уметничко дело кое оди. Да беше Ботичели жива денес, таа ќе беше неговата Венера“, така магазинот Maxim ја опиша на своите страници, на кои традиционално објавува листа на 100 најубави жени во светот од различни индустрии.

The post Не сакам да имам секс со тебе, се плашам да не станеш дебела како мајка ми, Ешли Греам раскажа зошто бившиот ѝ раскинал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK