ноември 23, 2024

Откако српската пејачка Цеца Ражнатовиќ објави дека нејзината ќерка Анастасија е бремена со девојче, српските медиуми ја најавија и свадбата на пејачката и нејзиниот дечко, фудбалерот Немања Гудељ.

Анастасија е бремена во четвртиот месец, а породувањето се очекува во октомври. Анастасија и Гудељ ќе се венчаат во Шпанија. Според српските медиуми, Анастасија и фудбалерот планираат да организираат интимна венчавка само за нивните најблиски роднини и пријатели во јули оваа година во Севиља, а потоа следната година ќе одржат гала венчавка и црковна венчавка.

„Таша сакаше да се породи во Шпанија за да може нејзината ќерка да добие државјанство. Затоа ја покрена процедурата за добивање постојан престој во таа земја. Но, таа процедура се уште не е завршена, па не може да дојде во Србија. Таа едвај чека да заврши за да дојде во Белград, бидејќи многу и недостасува семејството“, ја започнува приказната извор близок на парот.

„Оваа година нема да прават голема свадба, туку интимна церемонија, поради обврските на Гудељ во клубот од Севиља. Во Шпанија во јули ќе дојдат само членовите на семејството и најблиските пријатели, а Анастасија и Немања ќе се венчаат во општината за бебето да не се родено во вонбрачна заедница. Но следната година имаат црковна венчавка и голема свадба на која ќе ги поканат семејството, пријателите и колегите. Ќе организираат забава за неколку стотици луѓе“, додава тој.

The post Анастасија и Немања ќе се венчаат во Шпанија, а гала свадба ќе прават во Србија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK