септември 19, 2024

Медицинската работничка, 45-годишната Тереза ​​Виденер од Бедфорд, Вирџинија, со години јадела камења и рече дека досега изела над 1360 килограми. Тереза страда од Пика, болест која се манифестира така што човек јаде чудни предмети, како на пример сунѓери, сапуни или камења.

Секоја недела јадела повеќе од еден килограм. Кога има потешки денови, јадела и песок и поситни камчиња кои ги чувала во посебен шкаф во кујната.

„Ако се чувствувам лошо, јадам многу повеќе бидејќи тоа ме теши. За утеха, тие се таму кога сум нервозна“, рече Тереза, која објасни дека јаде помеки и покршливи карпи.

Ги собира додека шета низ маало и ги одбира оние што најмногу и се допаѓаат. Истакнува дека ѝ се допаѓа нивниот земјен вкус. Ги џвака само со едната страна од забите и вели дека поради тоа забите и станале поцврсти. На новинарите им рече дека во последно време јаде помалку камења.

Нејзиниот сопруг Џим, рече дека немал никаков проблем со тоа и ѝ ја дава целата поддршка.

Луѓето кои се заболени од Пика јадат буквално сè, од сапуни и сунѓери до сијалици. Ова експертите велат дека е поврзано со емоциите на луѓето.

The post (Видео) Жена со години јаде камења и вели дека досега изела над 1.360 килограми appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK