ноември 22, 2024

„На бродот имаше 14 Англичани, тројца Германци, четворица Белгијци, тројца Шпанци, Ирец и Швајцарец, покрај 11-те Египќани меѓу екипажот и нуркачите“

Најмалку 37 лица се спасени откако брод со туристи потона недалеку од брегот на Египет во Црвеното Море, соопшти египетската армија.

„Египетската морнарица успеа да спаси 37 луѓе од различни националности од туристички брод откако тој се преврти“, соопшти портпаролот на египетската војска Гариб Абдел Хафез.

„На бродот имаше 14 Англичани, тројца Германци, четворица Белгијци, тројца Шпанци, Ирец и Швајцарец, покрај 11-те Египќани меѓу екипажот и нуркачите“, додаде тој.

Нагласи дека спасените патници добиле медицинска помош по нивното пристигнување на пристаништето во поморската база во Црвеното Море.

Абдел Хафез не соопшти повеќе детали за здравствената состојба на патниците.

На брегот на Црвеното Море има голем број одморалишта и континуирани крстосувања што ги привлекуваат туристите да доаѓаат во Египет.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK