ноември 22, 2024

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во телевизија 24 открива дека неколку пати советниците во Град Скопје не гласале за годишната програма на Јавното претпријатие Комунална хигиена со што по знак прашање го ставиле одржувањето на хигиената во главниот град.

Според неа станува збор за класична саботажа на работата на јавните претпријатија на Град Скопје.

-Не зависат сите процеси од нас бидејќи во секое од јавните претпријатија постои управен одбор, постои надзорен одбор, сите органи на овие претпријатија зависат од овие луѓе и од нивното расположение во денот кога ќе треба да донесат одредена одлука, кога ќе треба да донесат одредена инвестициска програма.

Вие после тоа таа инвестициска програма треба да дојде во градот Скопје па советниците да ја одобрат. И вие имате саботирање на јавните претприја. Ние бевме соочени со тоа, оние лица кои треба да ја одржуваат хигиената во градот да не знаат дали утре ќе продолжат со работа или не затоа што советниците во градот не гласаа да имаме луѓе кои што ќе ја одржуваат хигиената во градот Скопје и веќе три четири месеци не ја гласаа програмата, а бараат почист град.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK