ноември 25, 2024

Иако е најважно да водите здрав начин на живот, додатоците во исхраната секогаш се добредојдени, особено ако не се чувствувате добро.

Доколку забележите дека сте настинати или имате грип, одредени витамини, минерали и растителни препарати можат многу да ви помогнат.
Добро одбраната комбинација на додатоци во исхраната може да му помогне на вашиот организам да се избори со тегобите што е можно побрзо и поефикасно. Во продолжение, ви претставуваме листа на суплементи кои треба да ги земате секојдневно за да го зајакнете својот имунитет:

Витамин Ц
Витаминот Ц е традиционален борец против настинките и грипот. Дневната доза на овој моќен антиоксидант може да биде помеѓу 500 до 2000 мг. Внесувајте го во текот на денот, но не и пред спиење бидејќи може да го наруши сонот.

Витамин Д
Во последно време витаминот Д станува сè попопуларен не само затоа што го подобрува здравјето на коските, туку и како фактор на зајакнување на имунитетот. Земајте околу 5000 IU неделно.

Цинк
Цинкот, еден од најважните минерали во човечкото тело, е неопходен за одржување на отпорноста на инфекции и болести. Земајте до 15 мг. цинк дневно во облик на суплемент, но внесувајте го и преку храната која е богата со овој минерал (на пример црвено месо, живина, морски плодови).

Ехинацеа
Ехинацеата може да помогне против сите воспаленија без оглед дали се предизвикани од бактерии, габи или вируси. Најдобро е да ја внесувате како течен екстракт или тинктура. Првите неколку дена земајте 50 капки 2-3 пати дневно, а потоа земајте ја истата доза 1-2 пати дневно.

Пробиотици
Пробиотиците воспоставуваат рамнотежа во нарушениот однос на добрите и лошите бактерии, ја зајакнуваат цревната флора и го подобруваат имунитетот. Побарајте суплементи кои содржат бифидобактерии или лактобацили бидејќи ја стабилизираат микрофлората во дебелото црево и на тој начин влијаат на целокупното здравје на организмот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK