Ротквицата потекнува од Југоисточна Азија. Старите Грци и Римјани ја користеле пред 2.500 години во исхраната, но и во медицински цели.
Тогаш луѓето почнале масовно да одгледуваат ротквица и да го поттикнуваат нејзиното ширење во нови земји. На пример, црвената ротквица е најпопуларниот вид, иако ги има повеќе.
Здравствените придобивки од овој супер квалитетен зеленчук се многубројни. Ротквиците се добар извор на антиоксиданси како катехин, пирогалол, ванилна киселина и други фенолни соединенија, а имаат и значително количество на витамин Ц, кој делува како антиоксиданс и ги штити клетките од оштетување.
Ротквиците имаат многу малку јаглехидрати, што ги прави одличен избор за луѓето кои внимаваат на внесот на јаглехидрати или шеќер. Овој вкусен крцкав зеленчук е нискокалоричен и низок гликемиски индекс.
Го намалуваат ризикот од дијабетес
Ротквиците содржат хемиски соединенија како што се глукозинолат и изотиоцијанат кои можат да бидат корисни за регулирање на нивото на шеќер во крвта.
Јадењето ротквици исто така го зголемува природното производство на адипонектин во телото. Повисоко ниво на овој хормон може да помогне во заштитата од инсулинска резистенција. Ротквиците содржат и коензим Q10, антиоксиданс кој помага во спречување на дијабетес.
Се разбира, доколку не се придржувате до останатите постулати за здрав живот, само јадењето ротквици нема да го спречи почетокот на инсулинската резистенција т.е. дијабетесот.
Засилена функција на црниот дроб
Ротквиците содржат соединенија кои им помагаат на црниот дроб и бубрезите да се детоксифицираат и да заздрават од оштетување.
Кардиоваскуларно подобрување
Ротквиците се богати со антиоксиданси и минерали како што се калциум и калиум. Заедно, овие хранливи материи помагаат да се намали високиот крвен притисок и да се намали ризикот од срцеви заболувања. Овој зеленчук е исто така добар извор на природни нитрати кои го подобруваат протокот на крв.
Ротквиците се широко достапни во супермаркетите, пазарите и специјализираните продавници. Тие се првенствено зимски и пролетен зеленчук.
Следете не, не има насекаде