Денес разводот е нормална работа која може да им се случи на сите. Значи, не е страшно да ја завршите љубовната врска и да најдете нова љубов, а многу од разведените луѓе одлучуваат да стапат и во нов брак или да го продолжат својот живот со нов партнер.
А, кога запознавате личност која неодамна се развела, потребно е да ја разберете – да разберете дека во врската постојано ќе ви се појавува духот на претходниот брак, особено доколку во нивниот брак имало деца.
Значи, важно е да знаете дека разведените мажи зад себе веќе имаат брак и дека веќе одел по таа патека полна со препреки.
Не треба да се плашите, но мора да знаете со каков човек имате работа и што од него може да очекувате.
Всушност вие треба да му го поставите ова прашање – каков му бил бракот, дали се трудел да го спаси или не?
На тој начин ќе дознаете многу за неговиот карактер и за тоа дали е подготвен за сериозна врска со вас. Важно е да бидете внимателни со неговото минато пред да одите со него во иднината.
На овие три работи особено обрнете внимание:
На кој начин зборува за поранешната сопруга
Лош знак е доколку за неа има да каже само најлоши зборови. Вистинскиот маж никогаш нема да ги издаде тајните на жената со која живеел, интимните детали, ниту грозно да зборува за неа. Она што се случува меѓу двајца луѓе треба да остане само нивно.
Доколку за поранешната жена зборува со почит, тоа е знак дека умее да ги препознае правилните вредности и дека ги памети убавите моменти.
Каков однос има со децата
Децата на разведените родители често живеат со мајката, но постојат и такви ситуации во кои живеат со таткото. Доколку вашата врска стане сериозна, мора да бидете подготвени и тие деца да станат дел од вашиот живот. Радувајте се доколку се грижи за нив и доколку има добар однос, доколку редовно се гледа и доколку ги презема обврските околу нив.
Мажот којшто го занемарува своето потомство во корист на новата жена која запознава и почнува врска, нема никаков добиток. Утре можеби со вас ќе ја направи истата грешка.
Како го набљудува минатото
Разведениот маж има минато кое не смее да биде тајно. Доколку искрено сте се заљубиле во него, тогаш треба да го знаете неговото минато.
Тоа бара храброст, но и влева надеж дека вашата врска ќе потрае и ќе има среќен крај.
Следете не, не има насекаде