Против Урош Пашајлиќ (38), во јавноста познат како „таткото од пеколот“ кој ја држел ќерката (8) затворена во када во станот на Ѕвездара, во Белград, Првото основно јавно обвинителство вчера поднесе обвинителен акт, според кој тој се товари за семејно насилство и злоупотреба и тортура, во која е наведено дека во периодот од 2022 година до 24 април годинава го држел детето во заробеништво, како и дека со вештачење било утврдено дека е при здрав разум.
Добивај вести на вибер
Случајот го открила партнерката на Пашајлиќ, Ивана Л.
Според нејзините зборови, тој ја претепал на 19 март, а таа собрала сили пет дена подоцна да побегне и да го пријави. Рекла дека не смеела да излезе од станот во Борча бидејќи се плашела од него и дека и го скршил носот со главата.
„Ивана Л., девојката на осомничениот кој претрпе насилство, изјавила дека додека била заробена – заклучена во станот, се обидела да најде сметки за да ја утврди точната адреса на изнајмениот стан на Урош и успеала да ја пронајде и ја пријавила таа информација во полиција, кога успеала да побегне од станот. А таа никогаш не отишла во тој стан бидејќи Урош рекол дека е мал, а кога го прашала за детето, тој нервозно реагирал и одговорил дека тоа не е нејзино дете и дека тој се грижи за своето дете, а за неговото дете се грижи само тој и неговата тетка“, изјавил соговорникот од истрагата.
„Не знаев дека детето е само во станот. Со Урош бев во врска од 2019 година, а таа година го запознав и девојчето, таа остана со мене три недели. Две години подоцна, во декември 2021 година, се всели во мојот стан. Ми кажа дека детето е кај неговата тетка, која се грижи за неа, не можев ни да замислам што се случува. Се посомневав во неговата приказна дури кога во расправија ми кажа дека ќерка му се не јадела пет дена поради мене. Тогаш се посомневав дека нешто не е во ред, бидејќи тој беше со мене пет дена. Урош ми рече дека нема да ме носи во станот во Мириево бидејќи е многу мал и дека подобро е да сме во Борча“, изјави Ивана.
Откако ги нашла сметките, Ивана облеана во крв отишла во полиција, раскажала се и ги дала сметките со адресата на Звездара.
“Не можев да поверувам како изгледаше таа кога влегов во станот со полиција. Гардеробата на неа изгледаше голема од што беше толку ослабната. Сè мирисаше, таа веќе не можеше да зборува нормално, а кога престојуваше со мене, зборуваше нормално. Во ќесата немаше храна, само празна амбалажа, а веднаш штом влеговме во бањата покажа на ќесата. Сакаше да каже дека е гладна…Беше страшно“, изјави Ивана Л.
Во текот на истрагата била сослушана и мајката на девојчето, како и полицајките кои биле на увидот.
Според неофицијални информации, полицајката го опишала хоророт на кој наишла кога влегла во станот.
Беше темно. И кога влеговме во бањата, од кадата излезе мало девојче, беше многу слаба, едвај седеше.
Мајката на девојчето кое беше пронајдено во кадата, Н.Т., рекла дека не ја видела Лана бидејќи Урош постојано и велел дека има се што и треба за живот.
Инаку, на Клиниката за психијатриски болести „Д-р Лаза Лазаревиќ“ се лекуваше Н.Т. мајката на девојчето.
На рочиштето Урош Пашајлиќ се бранеше молчејќи, а единствено што изјави е дека е зависник од алкохол и дрога.
Во оваа прилика е наредено невропсихијатриско вештачење, од чии наоди се гледа дека Пашајлиќ во моментот на делото бил при здрав разум, дека е способен да учествува во кривичната постапка и дека е зависник од употреба на наркотични дроги и алкохол. Прибавена е и медицинска документација поврзана со здравствената состојба на малолетната жртва, поточно документација поврзана со состојбата во која девојката е примена на лекарски прегледи, како и моменталната здравствена состојба.
Имено, откако на 24 април беше извршен претрес во станот на Звездара во кој беше пронајдено девојчето, дежурниот заменик јавен обвинител наредил полициските службеници да трагаат по осомничениот Урош Пашајлиќ, кој побегнал, а обвинетиот бил пронајден 4. дена подоцна е уапсен и му е донесена одлука за притвор од 48 часа. По рочиштето, на предлог на обвинителството, Првиот основен суд во Белград донесе решение со кое на обвинетиот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена по сите законски основи, а на 26 април истото беше продолжено со решение на судијата за претходна постапка уште 30 дена.
За извршување на секое од горенаведените кривични дела, обвинителството ќе му предложи на судот изрекување максимална казна против обвинетиот, како и определување мерки за безбедност Задолжително лекување на наркозависници и Задолжително лекување на алкохоличари согласно наодите и мислењето на судскиот вештак, а ќе испита и дали некое лице му помогнало на обвинетиот по извршувањето на кривичните дела и ќе утврди дали со дејствијата на тоа лице се стекнале суштинските карактеристики на кривичното дело Помагање на сторителот по извршеното кривично дело.
„Семејното насилство се казнува со казна од 2 до 10 години бидејќи се работи за малолетник, а злоупотребата и тортурата се казнуваат со казна од една година, тој би можел да добие мерка третман од дрога и алкохолизам, што би значело дека ќе сместен во Специјалната затворска болница.