мај 18, 2026

Македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во бугарскиот град Благоевград, кој беше отворен пред шест месеци, по отворањето на слични бугарски клубови во Македонија, се затвора, соопшти претседателот на градскиот комитет на ОМО „Илинден“ од Благоевград, Атанас Кирјаков.

„Денеска во телефонскиот разговор помеѓу Кирил Иванов (околиски претседател за Благоевградска околија и член на Координативното тело на Македонската народна организација ОМО „Илинден“) и Атанас Мазнев (претседател на клубот „Никола Вапцаров“ и копретседателот на забранената политичка партија ОМО ИЛИНДЕН – ПИРИН) добивме информација дека по шест месеци, клубот „Никола Вапцаров“ ќе биде затворен. Причината за затворањето на клубот е тоа што тој беше под кирија (наем) за рок од шест месеци, но сега газдарицата на приватната просторија во која беше сместен, не сака нов договор за наем со сегашните наематели на просторијата“, објави Кирјаков на Фејсбук.

The post Се затвора македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, газдарицата не го продолжува договорот appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK