мај 18, 2026

Познатиот саксофонист Ферус Мустафов се бори за живот. Информацијата ја потврди неговиот внук Ферчо Мустафов на социјалните мрежи, откако во медиумите се рашири веста дека наводно починал популарниот музичар.

Внукот на Мустафов, демантира дека познатиот музичар починал во болница, но потврди дека неговиот дедо е во болница и се бори за живот.

“До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат.
Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот. Да се помолиме за негово здравје.
Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието”, напиша внукот на Мустафов.


The post Ферус Мустафов се бори за живот, потврдија од семејството appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK