мај 18, 2026

На 02.05.2023 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Скопје-Велес и регионалниот пат с. Јурумлери- с. Суводол се случила сообраќајна несреќа.

Се судриле товарно возило „ивеко” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Куманово и патничко возило „цитроен берлинго” со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(50) од с .Јурумлери.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал Г.И., а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. 

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.  

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK