мај 18, 2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од 19.00 часот денеска (03.05.2023 – среда) и утре (04.05.2023 – четврток), по повод одбележувањето на 120-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас” во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Според потребите, утре за сообраќај ќе биде затворена ул.„Самоилова”, на потегот од ул.„Иљо Војвода” (виадукт Самоилова) до крстосницата со ул.„Прохор Пчински”, а на 04.05.2023 (четврток) затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова”, на потегот од ул.„Лазар Личеновски” (Амбасада на САД) до бул.„Гоце Делчев” во Скопје.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK