мај 18, 2026

Ким Кардашијан оди на часови по глума за новата улога во серијата „Американска хорор приказна“. На годинашната Мет Гала, Ким за Variety раскажа како се подготвувала за новата улога.

„Навистина е забавно да се излезе од зоната на комфорот, да се проба нешто ново. Возбудена сум поради таквото искуство“, додаде таа.

Kim Kardashian says she’s shooting #AmericanHorrorStory at the end of the month and teases her upcoming role. “I like to challenge myself.” https://t.co/OcPy5cjK1f pic.twitter.com/WJFAmWSepH

— Variety (@Variety) May 2, 2023

Ким рече дека добро се подготвува за улогата и дека е вистински предизвик за неа. Некои обожаватели не се задоволни што ќе глуми во новата сезона, а исто мислење има и Пети ЛуПоне која се појави во третата сезона на „Американска хорор приказна“. Смета дека Кардашијан го превземала ликот наменет за вистинскиот професионален глумец. Сепак Ким доби поддршка од творецот на серијата.

„Ким е меѓу најголемите и најсјајни телевизиски ѕвезди и воодушевени сме што можеме да и посакаме добредојде во семејството на „Американската хорор приказна“. Ема Робертс и јас сме возбудени поради соработката со неа“, рече американскиот режисер Рајан Марфи.

The post Ким Кардашијан оди на часови по глума за новата улога во Американска хорор приказна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK