мај 18, 2026

Реал Мадрид го освои Купот на Кралот. Во финалето на „Ла Картиха“ стадионот во Севилја, Реал ја победи Осасуна со 2:1 (1:0). Купот на Реал му го донесе стрелецот на двата гола Родриго. Младиот Бразилец е првиот играч на Реал по пауза од 42 години, кој успеал да постигне два гола во финалните натпревари во Купот.

Реал Мадрид го освои 20. трофеј во Купот на Кралот. Реал победи во Купот прв пат по 2014 година.

Родриго првиот гол го постигна во втората минута. Ова е третиот најбрз гол во историјата на Купот.

Осасуна имаше добра шанса во 22.минута кога Карвахал пред гол линијата ја исфрли топката. Реал взврати седум минути подоцна кога Алаба ја погоди гредата од слободен удар.

Во вториот дел Торо постигна убав гол. Во 58.минута од 20 метри упати прецизен удар и го совлада Куртоа.

Решавачкиот момент се случи во 70.минута кога Родриго најдобро се снајде по грешката на капитенот Дани Гарсија.

The post (Видео) Родриго му го донесе на Реал Купот на Кралот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK