Алџаман Стерлинг ја одбрани својата титула во бантам категорија, победувајќи го повратникот во кафезот, Хенри Кехудо на поени (47:48, 48:47, 48:47) во главниот меч на УФЦ 288 во Њуарк.
Мечот беше екстремно тесен и неизвесен – Стерлинг ја елиминираше предноста на Кехудо во борењето (Кехудо е поранешен олимписки шампион), така што во поголемиот деле од мечот двајцата беа на нозе. Кехудо доби исеченица под десното око, која му пречеше во текот на мечот. Стерлинг сега има 9 победи во ниа, и три одбрани на шампионскиот појас.
По мечот, УФЦ решија да го донесат во кафезот следниот предизвикувач на Стерлинг, популарниот Шон О’Мели, по што настана вербална конфронтација, а и мораше да ги разделувааат за да не почне мечот предвреме. Се очекува двајцата да се сретнат за вистинска пресметка веќе во септември.
Oh my!!
Aljamain Sterling vs Sean O’Malley next?! pic.twitter.com/NZvpWbmIQ5
— UFC Europe (@UFCEurope) May 7, 2023
The post (Видео) УФЦ: Стерлинг го победи Кехудо, па сакаше да се тепа со О’Мели appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
