мај 18, 2026

Името на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева се наоѓа на списокот со осуденици кои чекаат да бидат помилувани од страна на претседателот Стево Пендаровски.

Оваа информација за Плусинфо неофицијално ја потврдија два независни извора од Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот, кои ни посочија дека последната седница на Комисијата, на којашто се расправало за слободата на Јанева, била одржана пред само една недела.

– Точно е дека осуденичката Катица Јанева поднела барање за помилување. Нејзината молба пристигна во Комисијата за помилување и таа беше разгледувана пред само една недела. Молбата помина, нова седница немаме закажано, па конечната одлука треба да ја донесе лично претседателот Стево Пендаровски – ни изјавија нашите извори од Комисијата за помилување.

Јанева е осудена на 7-годишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба и овластување како специјална јавна обвинителка во аферата „Рекет“.

Сега таа работи како библиотекарка во библиотеката на затворот „Идризово“ и ги користи другите поволности коишто ѝ ги овозможува затворскиот систем.

The post Катица Јанева пред помилување – од Пендаровски зависи appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK