мај 18, 2026

Дигитален уметник од Истанбул, Турција, Алпер Хесилтас, со помош на вештачка интелегенција ја нацрта покојната принцеза Дајана. Хесилтас направи серија фотографии под името „Како ништо да се нема случено“, и покажа како Дајана би изгледала ако ја избегнеше трагичната несреќа во 1997 година.

Ако ја преживееше сообраќајката во тунел во Париз, Дајана денес ќе имаше 62 години. Фановите напишаа дека била толку едноставна и дека засекогаш ќе остане кралица во нивните срца.

„Таа беше кралица на срцата. Толку години минаа по нејзината трагична и прерана смрт, но и сè уште луѓето ја паметат“, коментираа фановите.

Погребот го следеа преку 32 милиони Британци, бројка поголема и од погребот на кралицата Елизабета Втора. За потсетување, за време на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, на почетокот на мај, низ улиците имаше голем број плакати со фотографии од принцезата Дајана.

The post Вештачката интелегенција покажа како принцезата Дајана би изгледала денес ако беше жива appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK