мај 18, 2026

Ѕвездата на „Гранд“ Александар Темелков ја промовираше новата песна „Илјада војници“. За „Репортер“ ни рече дека ова е негова 11 песна и дека очекува да стане голем хит. Текстот е на Ангела Стерзоска, а музиката и аранжманот на Славко Ристески.

„И оваа песна како и претходните очекувам да стане хит и да им се допадне на публиката. Ова е мојата 11 песна и имам доволно материјал да го објавам првиот албум и да почнам да работам на вториот“, ни рече Темелков кој годинава ја имаше првата турнеја во Канада каде им пееше на нашинците во Торонто.

Иако најмногу е познат по неговите настапи во „Ѕвездите на Гранд“, Темелков ни рече дека во иднина не планира да настапува во музички шоуа и дека сака да работи на кариерата.


The post (Видео) Ѕвездата на „Гранд“ Александар Темелков ја промовираше новата песна appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK