мај 18, 2026

Авдуљ-Селам Селами, екс заменик-директорот на УЈП, е нов директор на Бирото за метрологија.

Селами рече  дека досега погрешно мислел оти оваа државна институција ги следи метеоролошките промени и дека ова е наука за времето.

„Метрологијата е наука за мерењата, метрологијата нема врска со временска прогноза во која што и јас, очигледно да ви кажам, до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето“, рече Селами. Видеото се споделува по социјалните мрежи. Тој по професија е правник, а негово прво вработување било инспектор во УЈП.

 


The post (Видео) Метрологијата не била наука за времето, грешно сум мислел досега, рече Селами новиот директор на Бирото за метеорологија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK