мај 18, 2026

Иако утнаа пенал во првото полувреме, Кадиз ги победија Реал Валјадолид со 2:0 за да си ги зголемат шансите за опстанок во Ла лига во неизвесната борба во финишот на сезоната.

Рубен Алкараз во 36. минута утна пенал и пропушти да го донесе својот клуб во водство, за во финишот на мечот, Тео Бонгонда да го реши победникот – прво даде гол во 70. минута, за шест минути подоцна од пенал да го удвои водството.

Кадиз сега се на 14. место на табелата со 38 поени, четири поени пред Хетафе на 18. место со 34 поени. Валјадолид останува 17. со 35 поени.

The post (Видео) Кадиз со важна победа над Валјадолид во борбата за опстанок appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK