мај 18, 2026

Елена Доцевска Божиновска, член на Советот на Куманово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, објави на социјалната мрежа „Фејсбук“ дека ја добила битката пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

За потсетување, Доцевска Божиновска последните месеци од 2017 година беше притворена и одлежа неколку месеци во затвор поради учество во насилниот упад во Собранието на 27. април истата година.

„Ја добивме битката во Стразбур! Може да забави, но не и да се заборави… После повеќе од 5 години, стигна првата пресуда за „27. април“ од Европскиот суд за човекови права!“ – пишува Божиновска на својот профил на Фејсбук, без да наведе повеќе детали за каква пресуда и за каква тужба станува збор.

Во времето на „Крвавиот четврток“ Елена Доцевска-Божиновска беше вработена во кабинетот на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, и беше една од 33 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок. Таа подоцна беше меѓу петнаесеттемина од обвинетите, кои беа опфатени со Законот за амнестија.

The post Ја добивме битката во Стразбур – Доцевска Божиновска беше меѓу обвинетите за „крвавиот четврток“ appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK