мај 18, 2026

Четири песни од годинашниот Евросонг се најдоа на листата 10 најслушани песни во Велика Британија, пренесе „Би-би-си“. Песната Tattoo, на годинашната победничка Лорен, се најде на второто место.

Финскиот пејач Каарија, со песната Cha Cha Cha се најде на 6-то и ова е првпат песна на фински јазик да се најде на листата. На деветтото место се најде претставничката на Велика Британија Меј Мулер со песната I wrote a song. На десетто место се најде Норвежанката Алесандра со песната Queen of Kings, која на Евросонг заврши на петтото место.

Според компанијата OFficial Charts Company досега само две песни од Евросонг истовремено биле на листата 10 најслушани песни и тоа во 1982 година, кога германската претставничка Никол со песната A Little Peace беше на првото место и групата Бардо од Велика Британија со песната One Step Furher која заврши на второто место.

The post Четири песни од годинашниот Евросонг се најдоа на листата 10 најслушани во Велика Британија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK