мај 18, 2026

Британскиот писател Мартин Амис, почина на 73-годишна возраст. Веста ја објави неговиот издавач во неделата на „Твитер“, додека „Њујорк пост“ објави дека починал во петокот во неговиот дом во Лејк Ворт, Флорида. Неговата сопруга Изабела Фонсека, рече дека причината за смртта е рак на хранопроводникот.

Амис е автор на 14 романи, меѓу кои се Money и London Fields. Беше именуван во 2008 година како еден од 50-те најдобри британски писатели од 1945 година и двапати беше номиниран за престижната награда „Букер“.

Беше често нарекуван еден од најиновативните автори на неговата генерација и син на британскиот писател Кингсли Амис, за кого ги напиша мемоарите „Искуство“ од 2000 година. Во САД се пресели во 2011 година.

The post Почина Мартин Амис еден од најславните британски писатели appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK