мај 18, 2026

Лошата вечер за Јувентус и навивачите на „бјанконерите“ заврши уште полошо, откако на гостувањето кај Емполи во последниот меч од 36. коло во Серија А претрпеа катастрофален 4:1 пораз на гости кај Емполи.

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) неколку минути пред стартот на мечот, објави дека им одзема 10 поени на Јувентус по скандалот со вештачко зголемување на вредноста на трансферите, со што Јуве падна од 2. на 7. место на табелата. Сепак, и со оваа казна, надежите за пласман во Лигата на шампионите не е згаснати за Јувентус, иако стануваат многу потешки по поразот кај Емполи. Да потсетиме, овој пораз доаѓа откако минатата недела, Јувентус драматично го загуби и полуфиналето во Лига Европа од Севилја.

Ветеранот Франческо Капуто ги донесе домаќините во водство во 18. минута со гол од пенал, за само две минути подоцна, Себастијано Луперто да зголеми на 2:0. Влегувањето во игра на Федерико Киеза и Леандро Паредес на полувремето не успеаја да донесе пресврт за Јувентус, откако веќе во 47. минута, Капуто повторно стрелаше и зголеми на 3:0. Киеза во 85. минута само успеа да го намали поразот на својот клуб, за Роберто Пиколи во 93. минута да ја комплетира „хаваријата“.

Во последните две кола, Јувентус прво го игра дербито со Милан во текот на викендот, за на 4 јуни да му гостува на Удинезе.

The post (Видео) „Хаварија“ на Јувентус кај Емполи appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK