Брза вечера е се што ни треба кога сме уморни и немаме некоја посебна идеја. Затоа ви носиме интересен рецепт за брза вечера, која ќе ви одземе помалку од 10 минути. Покрај тоа, многу е вкусен и заситен.
Состојки:
2 големи компири;масло;1 кромид;1 пиперка;сол;3 домати со средна големина;4 јајца;копар.
Подготовка:
Измијте го зеленчукот и исечете го на коцки. Најпрво на масло пропржете ги компирите, па префрлете ги во чинија и во истото масло пропржете ги кромидот и пиперките. По некое време, додадете домати. Посолете и измешајте.
Кога ќе се сварат доматите, вратете ги компирите во тавата, промешајте и направете 4 вдлабнатини во кои ќе ги скршите јајцата. Покријте ја тавата и динстајте 3-5 минути додека не се испржат јајцата. Посипете со копар и послужете, вели A Matter of Taste.
На здравје!
Следете не, не има насекаде
