мај 18, 2026

Ако сте гладни, не мора да одите во пекара, можете да направите крцкава пита со шунка дома.

Состојки:
500 гр тенки кори
2 јајца
200 мл јогурт
100 мл млеко
200 гр сирење
1/2 прашок за пециво
200 гр рендана шунка
50 мл масло

Подготовка:
Скршете ги јајцата во сад, издробете го сирењето, додадете ги јогуртот и млекото, прашокот за пециво и маслото.
Шунката изрендајте ја, плехот премачкајте го со масло, па на дното ставете една кора. Сите останати кори една по една потопете ги во филот со сирење и јогурт и наредете ги.
На вториот ред ставете малку шунка и така додека не се потроши. Покријте со кора и премачкајте со масло, па печете на 200 степени 50 минути.
Пред крајот покријте ја питата со фолија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK