мај 17, 2026

Претседателот на фудбалскиот клуб Лацио, Клаудио Лотито откри дека не сака да го продаде српскиот играч Сергеј Милинковиќ-Савиќ, но дека нема да му застане на патот доколку сака да го напушти клубот во летниот преоден рок.

„Не сакам да го продадам. Напротив, се обидувам да го продолжам договорот со него. Но, договорот мора да биде нешто за што се согласуваат сите страни. Лацио секако не мора да продава за да купи. Ако се случи играчот да си замине, тоа нема да биде затоа што моравме да заработиме… Ако играчот сака да замине, јас нема да му застанам на патот“, изјави Лотито за „Газета дело Спорт“.

Играчот од средниот ред и српски репрезентативец настапува за Лацио од 2015 година, а договорот со тимот од Рим му истекува следната година.

The post Лотито: Не сакам да го продадам Сергеј, но ако сака да си замине… appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK