Јувентус доби нов спортски директор откако вчера на функцијата беше назначен Кристијано Џунтоли, кој досега раководеше со играчкиот кадар во шампионот Наполи.
Џунтоли веднаш почна со „чистката“ во тимот, а прв треба да замине капитенот Леонардо Бонучи, кој не е во плановите на Масимилијано Алегри.
Вестите од Италија велат дека искусниот стопер, кој некогаш играше во тандем со Џорџо Киелини, веќе има нов клуб.
36-годишниот фудбалер има плата од 6,5 милиони евра и затоа Јувентус сака да се ослободи од него. Медиумите на Апенините тврдат дека негов следен клуб ќе биде Њукасл.
The post Бонучи пред трансфер во Њукасл appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
